Со пресекот на ДИК во 17 часот излезноста изнесува 41,50%. Од запишаните гласачи во едниствениот избирачки список правото на глас го оствариле 532.041 граѓани.

Сѐ уште највисока е излезноста во Новаци – 69,76%, а преку педесет проценти е и во Лозово со 64,13% и Вевчани 64,27% и Демир Хисар 60,55%, Крушево 60,67%, Македонски Брод 60,10%, Дојран 62,42,%, Конче 61,91%. Тоа се општините со излезност повисока од 60%.

Висока е излезноста и во Крива Паланка 59,15% Карбинци 58,17%, Дебарца 53,29%, Пробиштип 55,23%, Ранковце 55,22%, Пехчево 55,31%, Кратово 52,15%, Кривогаштани 57,99%, Неготино 57,77%, Градско 54,54%, Свети Николе 52,78%, Росоман 56,75%, Чашка 54,69%, Прилеп 52,85%, Кавадарци 52,24%, Гевгелија 53,01%, Валандово 52,37%, Делчево 51,07%, Старо Нагоричане 51,08%, Зелениково 52,74%, Илинден 50,98%, Чешиново-Облешево 52,79%.

Најниска е излезноста во општините со доминантно албанско население Студеничани, Сарај, Липково, Тетово, Боговиње, Врапчиште, Гоствар, Маврово Ростуше, Центар Жупа, Пласница, каде што излезноста е понсика од 35%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.