Чуствуваме обврска да ве информираме дека на помал број места, од страна на нашите набљудувачи, се забележани проблеми со ,,ФИНГЕР ПРИНТ” апаратите. Забележано е доцнење со отворање на неколку изборни места, на истите рокот за гласање ќе биде соодветно продолжен, соопштија од „Излези да гласаш“.

Ги повикуваме надлежните институции задолжени за спроведување на изборите, а секако и органот задолжен за спроведување на законите да си ги врши во целост своите должности и овластувања.

Воедно, ги охрабруваме граѓаните, сите евентуални нерегуларности да ги пријават кај надлежните државни органи или во нашата организацијана е-маил izlezidaglasas2021@gmail.com со цел обезбедување на достоинствен демократски процес на изразување на волјата на граѓаните.

На крајот, ги повикуваме граѓаните да го искористат своето увавно загарантирано право на глас и со своето учество да му дадат легитимитет на овој изборен процес, со цел демократски избор на локална власт.

Во прилог табела со податоци за излезност по општини, истите се индикативни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.