Голема неправда е во Македонија поради неисполнетите ветувања, нереализирани очекувања, лагите, криминалот.

Основен генератор е тој кој ветуваше дека ќе донесат правда и мир и живот во Република Македонија, рече Мицкоски.

На оваа генерација ѝ падна честа да ја крева повторно од пепелта Македонија, од пепелта во која ќе ја наследиме од Зоран Заев.
Затоа треба да се бориме, за да победиме, за да можеме да ја креваме Македонија од пепел. Затоа штос е плашам дека ќе немаме втора шанса. затоа што, можеби, ако оваа шанса не ја искористиме, ќе немаме следна можност. Јасно е дека во Крушево ќе победи Македонија, рече вечерва пред крушевчани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски повика на масовна излезност на претседателските избори која ќе обезбеди сигурна победа за Гордана Силјановска Давкова, а тоа ќе го натера премиерот Зоран Заев да ги распише ветените предвремени парламентарни избори.
За да можеме да му ја вратиме државата на народот, повика Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.