Црвена боја како аларм и утрово покажуваат бројките за загаденост низ цела Македонија. Иако сме сред лето, воздухот алармантно е загаден во повеќе општини.

Невладината организација О2 иницијатива и утрово, како и синоќа алармира за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот.

Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.