До 13 часот излезеноста во Куманово е 18,83 проценти, во Липково, 5,43 а во Старо Нагоричане, 16,88 отсто.
Гласањето во овие три општини, информираат општинските изборни комисии, се одвива тековно.
Во Куманово денеска може да гласаат 86.009 лица на 167 избирачки места, вели претседателот на ОИК Куманово, Звонимир Николовски.
Во Липково право на глас имаат 25.363 граѓани на 36 избирачки места, соопшти претседателот на ОИК, Лирим Јашари.
Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информира Иван Ангеловски, потпретседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.329 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.