Тетовската градоначалничка во солзи вели дека се уште нема информации за можни жртви. Во изјава која ја пренесе МИА таа вели дека информациите ги очекува од надлежните институции.

„Информирана сум дека се се случило брзо. Немам информации за можни жртви. Многу жалам. Тоа се луѓе болни кои биле на лекување. Пожарот избил со голема брзина пред околу еден час.
Се уште чекам информации и од болницата и од полицијата.“ – вели Арифи со видна вознемиреност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.