Додека сите земји во Европа преземаат мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, здравствените власти во Македонија седат со скрстени раце. Таквата политика ја покажува својата погубност со секојдневните бројки на новозаразени, кои во изминатите 24 часа дојдоа до рекордни над 1.400 случаи, но пред се преку огромните бројки на починати.

Според бројките и анализите на Европскиот центар за спречување болести во Македонија во изминатите седум дена има далеку повеќе починати на еден мион жители, отколку во која било од европските земји во периодот од една недела пред да воведат одредено затворање или полициски час.

Така, во изминатата недела во Македонија има 92 починати лица на еден милион жители, а најблиску до таа борјка е Белгија, која во седумте дена пред да воведе затворање (24-30 октомври) имала 70 смртни случаи на милион жители. Со далеку помалку жртви во овој просек се Чешка (48,4) па Шпанија и Италија со по 29 починати на милион жители.

На ваквите стравични бројки се осврна и аналитичарот Ивор Мицковски, кој истакнува дека државава два месеца не презема ништо, што предизвика огромен број залудно загубени животи.

Два месеци изгубени и без никава сериозна мерка, изгубени преку 400 животи, а на властите не им трепнува око. 

 

Сите земји со помали стапки на смртност се затворија, зошто на вакви бројки за жал само тоа помага.

 

Но, не, нашите власти спасуваат економија и жртвуваат животи, фаворизираат шверц на лекови, не преземаат мерки, а камоли некаква одговорност.

 

Не сте виновни за кризата, тоа никој не може да го каже, но веќе сте виновни за овие трагични бројки и за неспособноста и неодговорноста кои секојдневно ги демонстрирате.

 

Џабе ви е више државниот морализам и карањето народ, овие бројки одат на ваша душа – пишува Мицковски.

Сличен став има и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој потенцира дека здравствените власти предводени од Филипче и Караџовски, испуштиле шанса во летниот период да ги подготват здравствените капацитети со што сега ќе се спасеа поголем број животи.

Неспособноста на Филипче и Д-р Караџовски, пропуштеното време за засилување на здравствените капацитети во текот на летото, како и немањето усогласени протоколи за лекување, за жал се дел од причините за поголем број на починати наши сограѓани во споредба со другите земји – вели Милошоски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.