Компанијата „Беса транс“ имала две лиценци за надворешно и внатрешно сообраќање. Првата ја одземавме, а втората е истечена односно исто така неважечка.

Овие лиценци се однесуваат на правното лице „Беса-транс“ како фирма, а не на превозното средство.  Во однос на изводите од лиценци во меѓународниот сообраќај,изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Беса-транс“ поседувал изводи од лиценци за 4 автобуси. Опожарениот автобус кој учестуваше во сообраќајната несреќа не е пријавен од сопственикот во електронската база на министерството за транспорт и врски. За превозот на патници користел неважечлки извод кој се однесувал на друг автобус, објасни министерот Бочварски.

Прашан дали треба да има одговорнос тој беше краток.

ако има пропуст некаде треба да одговорност.

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, објасни министерот, превозникот може да почне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.

– Превозникот ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за опожарениот автобус и поради тоа не е евидентиран во единствената база на податоци. Друга работа што е многу важна а со која се шпекулира во јавноста е начинот како превозникот Беса Транс БТБ ја минувал границата. Изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс БТБ, потенцира Бочварски.

Тоа, дополни, јасно упатува дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило, а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

– Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата за вршење на дејност на превозникот „Беса Транс БТБ“, нагласи Бочварски.

По барање на Обвинителството, Министерството за транспорт веќе ја предало целосната документација за превозникот „Беса Транс БТБ“ и во наредниот период ќе постапува според барањата и потребите на Обвинителството.

– Во однос на надлежностите на Министерството, веќе спомнав дека постапивме согласно Законот за превоз во патниот сообраќај и донесовме решение за одземање на лиценцата за работа и неможност за вршење на дејност. Превозникот има право на жалба, но жалбата не го одлага решението што значи дека тој има обврска да ја депонира лиценцата и изводите од лиценци назад во Министерството, дециден е Бочварски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.