Во текот на вчерашниот ден и огромниот пожар кој што ја зафати територијата на селото Нов Истевник, во попладневните часови изгоре црквата „Св. Атанасиј Михаил“ во ова село.

Црквата беше започната да се гради во 1919 година, а нејзината изградба завршила 1931 година. Градена од природни материјали таа беше лесен плен за пакосните огнени јазици кои во налет го проголтаа овој верски сакрален објект.

Недоволната координација и спориот одговор на менаџментот за справување со пожарот е причина што изгоре овој верски објект иако за негова заштита не биле потребни големи ресурси затоа што црквата се наоѓаше на чистинка опкружена само со сува трева.

За среќа тремот од црквата беше заштитен од страна на бугарските пожарникари и неколку мештани.

(фото: Марјан Пехчево, Фејсбук)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.