На оваа седница Владата донесе Уредба со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство на територијата на Македонија за време на вонредна состојба.
Во Член 1 од Уредбата се вели дека за време на постоење на вонредна состојба прогласена во државата, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство се организира авионски превоз со цел пренесување на македонските граѓани на територија на Македонија.
Членот 2 утврдува дека за авионскиот превоз на македонските граѓани со моментален престој во странство Генералниот секретаријат на Владата објавува јавен повик по дестинација и број на патници врз основа на доставените листи од страна на Министерството за надворешни работи, со цел прибирање на понуди за чартер летови од градовите во Европа до Македонија.
По објавување на јавниот повик од страна на Генералниот секретаријат крајниот рок за прибирање понуди е 12 часа од моментот на објавување на повикот. Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена.
Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.
Во Членот 3 од Уредбата со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство на територијата на Македонија за време на вонредна состојба се утврдува дека лицата при влез во авионот потпишуваат договор помеѓу нив и Владата на Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Македонија и пополнуваат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите на сметка согласно склучениот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.