Со пет гласови „за“ и ниту еден против или воздржан Комисијата за мандатно-деловнички прашања донесе одлука да му предложи на Собранието одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Седницата ја водеше заменичката на пратеникот Павле Богоевски, Снежана Калеска – Ванчева, поради тоа што пратеникот Богоевски најави дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ им порача на пратениците да гласаат согласно Уставот и законите, односно за одземање на мандатот со оглед на тоа што Груевски со своето неоправдано отстуство подолго од шест месеци го губи правото и понатаму да биде пратеник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.