Народот на Македонија дава постојано за оваа земја цели 30 години. Сега е време Македонија да ви врати. Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас. За да ги менуваме работите мора да имаме сон. Јас тој сон со сета моја сила ќе се трудам да го остварам. Имаме стратегија, план и конкретни чекори, и имаме срце и знаење за големи чекори. Македонија ќе се исправи и мојата генерација мора да успее – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на програмата „Обнова„ со која ВМРО-ДПМНЕ излегува на претстојните парламентарни избри закажани за 15 јули.
Мицкоски нагласи дека вистински ќе помогне да се смени она што со децении го мачи народот.
-Сега време на одлуки. Време е да ја видиме Македонија каква ја сакаме и заслужуваме. Судбината е во рацете на народот. Македонија во која ќе има нула толеранција спрема корупцијата и криминалот, држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот, и ќе нема едни кои се пред другите – посочи тој.
Споменувајќи голем дел од професорите, раководството, членовите на комисиите во партијата, нагласи дека успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици.
Можете да ја прифатите тешката реалност, но и можете да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е обнова. Обновата доаѓа и обновата ќе победи – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.