Предизборната кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули се наоѓа на четвртина и додека политичките партии и коалициите своите политички понуди на терен ги промовираат со почитување на здравствените протоколи, преку социјалните мрежи и медиуми се објавуваат нови „бомби“ и меѓусебни обвинувања.
На петтиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани Новаци, Демир Хисар и Битола, додека Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Куманово и Свети Николе.
Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Битола, Охрид, Струга и Кичево, а коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Маврово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.