Никој не ги посакуваше изборите среде корона криза освен зоран Заев кој бесчувствително се однесуваше по тоа прашање, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на 24 телевизија и додаде дека токму затоа прво СДСМ ќе бидат поразени, а потоа ќе се надмине и кризата.

 Мислеа дека народот ќе се обедини околу институциите, дека господинот Венко Филипче ќе биде перјаницата која што ќе ги извади од политичкото мочуриште и исклучиво од лукративни причини бараа брзи избори, истакна Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Европа ги затвори границите за нас затоа што сме некадарни и некомпетентни и лошо се справивме со кризата.

Сите знаевме дека ќе трае кризата, ама нека не трае со трицифрена бројка на дневно заразени и двоцифрена на загубени животи. Ние на граѓаните треба да им дадеме живот здравје, можности да напредуваат, што ќе им се институции ако утре тие луѓе го оставиле својот живот или имаат последици од ова инфекција. Едно е да трае како Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција со по 1,2 или 5 случаи или ниту еден, а друго е со 120, 130 или 150 случаи и по 8, 10 или 12 починати лица, нагласи Мицкоски

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не организира митинзи туку средби со граѓани на кои се потенцира граѓаните да носат заштитна опрема и да се почитува растојанието а се поставуваат и средства за дезинфекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.