Претседателот на Собранието Талат Џафери  вечерва го потпишал  решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12  април годинава.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието попладнево се распушти, а потоа Џафери почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април го потпишал решението.

Државната изборна комисија го очекува официјалниот документ од претседателот на Собранието Талат Џафери, по што во 20:30 часот ќе одржи седница со повеќе  точки на дневниот ред поврзани главно со предвремените парламентарни избори на 12 април. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.