Избори на 21 јуни нема да има, да сме јасни за таа работа, порача денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, кој во денешното отворено студио на „24 анализа“ дебатира со Радмила Шекеринска. Николоски го повтори ставот на неговата партија дека нема да одат на избори по цена на човечки животи и загрозување на здравјето на граѓаните.

Ние со вакви бројки, го гледаме Заев како притиска за избори. Ако планираат на 21 јуни да одат на избори со вакви бројки, ние нема да одиме, нека им е со среќа, рече Николовски.

Тој рече дека најдобро е кога две недели би немало новозаразени или починати. Но, со овие бројки тоа е невозможно, а Заев се надева и брзи на избори зошто се надева на ниска излезност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.