Изборниот штаб на еден од кандидатите за градоначалници на Куманово обвинува дека денеска на изборниот ден во Куманово се забележани бројни  нерегуларности во изборниот процес.

Според овие обвинувања била злоупотребена висока владина институција и други државни институции на локално ниво спротивно на законот и овластувањата со што бил нарушен изборниот процес. На голем број избирачки места не се забележани униформирани полициски службеници или пак се внатре во објектите каде што се врши гласањето, како што е случајот со избирачкото место 1086 и 1086/1 во населбата Иго Тричковиќ, за што го сведочат револтирани гласачи кои се обратиле во изборниот штаб на еден од кандидатите за градоначалнк на Куманово.

Голем број лица вработени во владина институција меѓу кои и членови на личното обезбедување на еден владин министер се забележани пред гласачките места 1059 и 1059/1 во населбата Ајдучка Чешма и вршат насочување и притисок на гласачи, како и евиденција во некакви списоци.

На терен бил забележан и сопственик на фирма-дистрибутер на возилата Фолксфаген и Шкода, позната во јавноста по тоа што ја снабдува со возила висока владина институција како со лица вработени во таа институција се координира за тековните активности на теренот.

Од истиот штаб велат дека граѓани се поплакуваат и на нерегуларности во текот на вчерашниот ден, дека лица и активисти на еден од кандидатиет за градоначалник на Куманово вршеле посета на домови со цел да лобираат и нудат материјални и нематеријални средства на таргетирани гласачи, а
континуирано биле обезбедувани од лица од едно министерство во цивилна облека и цивилни возила од типот Фолксфаген Пасат црна боја без и со регистарски таблички, кои често се менувале, Сеат Алтеа црвена боја, бел Голф 3 и 4, кои што при обид друго лице да се приближи до местото на настанот го стопирале и легитимирале и со тоа оневозможиле евентуално да ги документира изборните манипулации.

Вработени во детска градинка и неколку основни и едно средно училиште се пожалиле дека имаат добиено насоки од своите претпоставени раководители на клонови и директорите дека денеска мораат да излезат на гласање веднаш по отварање на гласачките места, а најдоцна до 10 часот да се јават во штабовите на еден од кандидатите и да подигнат списоци на сигурни гласачи за кои имаат обврска до 12 часот да ги исконтактираат лично и да ги повикаат да излезат на
гласање и да гласаат.

На гласачко место во населбата Пуковско-Иго Тричковиќ, лице-поранешен вработен во Македонски пошти, на кој директно му бил претпоставен таткото
на актуелен министер седи пред гласачко место во возило Сеат Толедо повремено по потреба излегува од возилото и насочува гласачи и лобира пред гласачкото место, а при тоа никој од членовите на избирачкиот одбор ниту пак униформираниот полициски службеник не реагира.

Исто така во село Љубодраг на гласачко место 1095 граѓани информираат дека е видено лице вработено во Македонски пошти кое посетува домови на лица и агитира иако денеска е неработен ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.