Елементарното демократско право се одзема на граѓаните со избор на претседател со Собрание. Од Македонија сакаат да направат апсолутистичка држава или монархија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.

Според тоа што го спомнуваат избор на претседател во Собрание, не даваат суверенитет граѓаниите, а токму се тие кои даваат суверенитет на политичарите. Тука монархот, во случајот Зоран Заев е тој кој со малата група на послушници во парламентот ќе си прогласи промени на Уставот, па ќе си бираат претседател, рече Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема никогаш да се согласи.

Нема да се согласиме со апсолутистичко и морахистичко однесување, немаме намера да влеземе во дебата на таа тема. Се знае волјата на народот е приоритет, а народот ја кажува војата на избори, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.