Низа изборни нерегуларности се евидентираат во првиот изборен круг на вонредните локални избори во Штип.

За прекршување на изборниот молк сведочи оваа фотографија од избирачкото место во ПООУ „Тошо Арсов“ во населбата Македонка.

На ѕидовите од левата и десната страна од влезот на избирачкото место испишано е името на политичка партија која учестввуа на изборите.

Претходно, во Штип е забележано и носење гласачи со автомобили. Активисти на политичка партија со возила ги разнесуваат гласачите на гласање, а во близина на изборните места нема полиција која ќе овозможи регуларен тек на изборниот процес.

Исто така, пријавено е дека лице со активно решение за изолација поради ковид 19, ја прекршило изолацијата и излегло на гласање. Набљудувачот на ДИК не дозволил гласањето да запре.

за успешни избори на денешното гласање потребно е да излезат една третина од вкупниот број гласачи на избирачкиот список. Засега, според податоците од ДИК до 11 часот излезноста е далеку од потребните 33%, односно излнесува 8,52%. Во Штип право на глас имаат 41177 гласачи, а досега гласале 3561.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.