Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи изјави дека за да се спречи понатамошно ширење на пандемијата се откажуваат сите молитви низ џамиите во земјава, а нема да има молитва ниту во петок, пренесе Алсат М.

Реџепи ги повика сите муслимански верници да избегнуваат масовни собири и да ги следат препораките од надлежните институции и да не создаваат паника.

Реџепи рече дека во случај на смртни случаи од Ковид 19, погребот ќе се направи од страна на државните надлежни органи поради контаминација, а верските обреди ќе се вршат без масовност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.