Ивор Мицковски на социјалните мрежи искоментира дека Заев полека се потврдува како патолошки лажго.
ФИЈАСКО ВО РАЗГОВОРИТЕ МЕЃУ ИСТОРИСКИТЕ КОМИСИИ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА.
Значи Заев полека но сигурно се потврдува пред цела јавност како патолошки лажов, купи ден-продај ден политичар кој притоа пати од комплекс на спасител и се меша во секоја работа за која нема ни базично разбирање, уште помалку капацитет да ја зграбчи поголемата приказна.
Вчера тропаше за напредок на Комисиите и дека денес ќе сме добиеле добри резултати.
Значи, ај што лаже цело време и некако, ама штетава што ја прави, бламажава на државава и на луѓето што нешто знаат, е тоа не можам да го прифатам.
Престани да се мешаш политички и приватно да одлучуваш за прашања кои тангираат духовни, историски, културни, национални, етнички чувства.
Зачепи се и заустави се, престани со оваа психодрама и капитулантски однос кон Софија, престани да лажеш и да си тераш приватни интереси на грбот на целата држава.
ФИЈАСКО ВО РАЗГОВОРИТЕ МЕЃУ ИСТОРИСКИТЕ КОМИСИИ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА.
Значи Заев полека но сигурно се потврдува пред…Posted by Ivor Mickovski on Friday, 4 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.