Неверојатната површност на власта
Техничкиот премиер вчера се избрука со изјавата за неприкосновеноста на верските обреди и дека државата не можела да ги затвори храмовите.
Тотална небулоза и правно и здраворазумски и здравствено.
Потоа отидоа во Куманово каде од денес знаеме дека има нови 40 заболени меѓу кои и градоначалникот.
Сега ќе чекаме да видиме дали и министрите и самиот Спасовски се заразени.
Рекоа дека за затварање на Куманово ќе решавале епидемиолозите, ама важно пола влада отиде да се ислика и демек од блиску да види што се случува.
Знаеме дека техничкиот е од Куманово.
Значи во два дена успеаа да направат три бељи, да излажат и селективно да ја третираат Црквата кршејќи го Уставот, да не постапат научно кон состојбата во Куманово, туку политички, и конечно, да се загрозат самите себеси како највисоко политичко раководство во државата..
Ваква апроксимација, нестручност и неодговорност би требало сите да не загрижи, напиша Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.