Ивор Мицковски на својот фејсбук профил напиша:
Чувството за морална одговорност е разбудено. Не можеме да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема, но трагедии се случуваат секаде во светот. Многу е важно дали целиот систем е добро поставен, кои биле слабости. Гледате од оваа трагедија се извлечени поуки и долг период пред нас ќе биде со сериозен мониторинг на системот. Сите треба да учиме од слабостите на системот“, рече Заев.
Да ви преведам, преземањето одговорност и оставка на одговорните од неговата и од партијата на ДУИ, за Заев значи распуштање на државата.
Еве повторно како партијата се идентификува и заменува со државата.
Разбудено не е ништо, напротив државата и општеството се успани и во длабок сон како последица на корупцијата, криминалот и клиентелизмот.
Трагедии се случуваат насекаде низ светот – е класична релативизација и бегање од одговорноста.
Да кажеш дека си извлекол поуки од смртта на 14 луѓе во модуларни болници кои си ги купувал од твој поранешен министер, кутии за кои се предупредуваше со време дека се несоодветни, во најмала рака е безобразно и безобзирно.
Секоја изјава на овој човек е идиотизам закамуфлиран во обладна од фини и празни зборови кои не соодејствуваат со реалните и катастрофални состојби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.