Поранешниот висок функционер во СДСМ, аналитичарот Ивор Мицкоски смета дека денешниот резултат од вториот круг од локалните избори ќе донесе нагризување на внатрешнопартискиот легитимитет на Зоран Заев и неговите најблиски соработници.
Личи дека дебаклот е тотален, а за тоа мора да се понесе одговорност.
Ако изгуби во Град Скопје, каде и онака работата е изгубена во Советот, па Шилегов и со победа ризикува да биде глинен гулаб, тогаш ќе се потврди поразот во епицентарот на Македонија, во Скопје, во најбогатиот и најпрогресивниот дел од македонскиот електорат. Со тоа ќе пропадне приказната за некакво обединување на прогресивните сили, наратив кој и онака е „исфуцан“ и веќе не лепи кај народот.
Доколку се изгуби во Карпош, бастионот на СДСМ, и таму победи Стевче, истиот оној кој беше шиканиран и обвинуван за милионски криминали за кои никако не се постапи, тогаш по којзнае кој пат ќе падне во вода приказната за правната држава и борбата со криминалот. Борбата против дивата урбанизација и онака пропадна во мандатот на Богоев.
И конечно, доколку СДСМ изгуби во Куманово, од својот довчерашен соборец и успешен градоначалник, а денес исклучен и острациран противкандидат, тогаш дефинитивно ќе биде нагризен и внатрешнопартискиот легитимитет на Зоран Заев и неговите најблиски соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.