Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека полицијата ќе врши засилени контроли од наредната недела, но и во текот на новогодишната ноќ. На удар ќе бидат оние коишто ќе издаваат, како и оние коишто ќе изнајмуваат викендички, во кои масовно ќе се собираат за прослава на празниците. На ова реагираше аналитичарот Ивор Мицковски, кој е поранешен функционер во СДСМ.
-Оној цркварон од МВР што дозволи кластери по Цркви да се направат, што се лапаше со попови у сред втор бран, кој и самиот се разболе од непочитување мерки и месец дена го лечеа, сега ќе апсел по викендици. Мајсторе, олади, први вие ќе бидете негде групирани како злоупотребувате состојба и уживате посебен третман – коментира Мицковски.
Тој посочува дека голем дел од луѓето се свесни и совесни, а дека власта е онаа која најмалку треба да зборува за здравје и одговорност, откако си баправи избори и прослава за победа.
Потоа, еден куп луѓе се свесни и совесни и нема да се собираат, а некои што сакаат да се соберат ќе си направат тестови.
Вие една ситуација не исконтролиравте, не можете една мерка да спроведете, не направивте никакви мерки кога највеќе требаше и за 2 месеци 1000 луѓе отидоа курбан, и сега откако си направивте избори и си прославивте, ќе тренирате строгоча.
Оди бре олабави се, ти ќе кажуеш за здравјето и одговорноста – напиша Мицковски.
Оној цркварон од МВР што дозволи кластери по Цркви да се направат, што се лапаше со попови у сред втор бран, кој и…
Posted by Ivor Mickovski on Thursday, 17 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.