Во пожарот што изутринава изби во зградата на поранешна Комерцијална банка најмногу штета претрпе Државниот инспекторат за животна средина. Огнот, кој според првичните информации настанал од дотраеност на електричната инсталација, ги уништил архивата на Инспекторатот и дел од канцелариите.
Знаци се тоа луѓе, знаци. Прошлиот мандат се запали Министерство за правда, и видовте Правдата процвета. Можеби овој пат ќе имаме еколошко освестување. Инаку пристапот заради објекти СК 2014-та испадна ужасен, внатре прегради со стиропори и немало хидранти. Уствари ние немаме пристап до Градежен факултет, не па за друго. Да видиме дали според максимата “ред, правда и дисциплина” ќе има некаква одговорност и заметување, напиша Ивор Мицкоски на ФБ.
Подоцна тој додава:
Во надлежност на Инспекторатот, меѓу другото, е контролата на уредувањето на речните корита, хидроцентралите, индустриските капацитети, увозот на отпад, квалитетот на амбиенталниот воздух, почвата и водата. Целата документација е изгорена, а најверојатно и компјутерите. Среќа штотуку најавија еколошки препород, пишува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.