Македонија си ја зеде улогата на чергиче, секој да ја погани, пишува политичкиот аналитичар и новинар Христо Ивановски.

Еден совет од добра другарка што ми го кажа професионално пред дваесетина години: „Ако си чергиче секој ќе те гази“. Значи, ќе ги избрише нозете од тебе, калта, лајната, сè…и ќе си замине.
Македонија си ја зеде улогата на чергиче, секој да ја погани, вели Ивановски.

Потсетува дека и на Словенија ѝ понудија чергиче пред да влезе во ЕУ (Осимски спогодби, Штаерска), но таа тоа вешто го избегна.

Има граници до каде секој еден и секоја една нација можат да се навалуваат.
Безрбетници, луѓе без достинство, дигнитет, став, храброст, дрскост…никој не сака. Особено не сега во време кога доаѓаат сериозни ломови во Европа, кога многу нешта ќе се менуваат, меѓу другото, и заради идентитетскте матрици, вели Ивановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.