Професорот по уставно право Трендафил Ивановски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 порача дека доколку премиерот Зоран Заев поднесе оставка ќе падне цела Влада.
Тој додава дека според Уставот тоа не зависи само од сакањето на премиерот туку може 20 пратеника да побараат промена на Владата. Ако се побара доверба на владата во рок од 3 дена Собранието треба да се произнесе и со тоа така паѓа владата.
Ако претседателот на Владата поднесе оставка тоа значи паѓа целата влада. Ако претседателот предложи разрешување на повеќе од една третина на Владата исто така паѓа Владата. Со тој чин паѓање на владата автоматски има услов каде што постојната влада продолжува, собранието продолжува да ја врши функцијата до изборот на новата Влада. Тука има и други прашање тоа не зависи само од сакањето на премиерот туку може 20 пратеника да побараат промена на владата. Ако се побара доверба на владата во рок од 3 дена Собранието треба да се произнесе но исто така паѓа владата“, додава Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.