Вечерва во емисијата „24 анализа“ водителката ја запраша Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК дали е подготвена за проверка на имотите на судиите тоа што го најави премиерот Зоран Заев. На ова Ивановска одговори дека ДКСК не е надлежна да проверува имот туку само утврдува веродостојност на имотните листови на судиите.
Подготвени ли сте како Комисија за да го завршите вашиот дел кој што се однесува во првата точка, прочистување во судството, вашата обврска според премиерот Зоран Заев е да ги проверите судиите и обвинителите од каде им е имотот, запраша водителката на емисијата „24 анализа“.
Па, не баш така. Нашата законска обврска е да ги провериме анкетните листови што ги имаат поднесено, дали имаат поднесено и што тие во своите анкетни листови пријавиле. Значи, првата наша обврска е да ја провериме веродостојноста на податоците – појасни Ивановска.
Ивановска додаде дека доколку се утврди дека има зголемување на имотот кој што не соодвествува на месечните примања, а веќе има такви три случаи тогаш се оди на подлабока анализа или се обраќа Комисијата до Финансиска полиција.
Премиерот на Владата, Зоран Заев на свое видео обраќање на почетокот од месецот побара од Државната комисија за спречување на корупција ( ДКСК) да го провери имотот на судиите и јавните обвинители, како и имотната состојба на нивните најблиски роднини, а се со цел утврдување на евентуални конфликти на интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.