Случајот со Рашковски не е завршен, се работи за многу обемен предмет. Значи набавката е многу обемна, многу материјал е предмет на анализа. Овој предмет доста фати тек пред почетокот на короната, се направија и интервјуа со одговорните лица итн. Меѓутоа застанавме тука, застанавме во моментов кога требаше да разговараме со една личност од тоа јавно претпријатие, кое што беше на боледување и не беше во состојба да ни одговори на прашањата. И останаа таму уште некои лица кои што беа од раководната структура значи во тој дел – појасни Билјана Ивановска, претседател на ДКСК при своето гостување во емисијата „24 анализа“.
Ивановска додаде дека ДКСК ја држи во кондиција за овој предмет е тоа што договорот со Леонардо првичниот и оној што е склучен после извесен период од прилика година дена е идентичен. Зошто се чекало? А, тој период чини.
Се плаќаат камати, за секој поминат ден, државата е оштетена од договорот. Затоа случајот е многу обемен и ние имаме колку што знам ЈО во некој дел го затвори проблемот со Драги Рашковски, меѓутоа ние останавме се уште во кондиција – дополни Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.