Претседателот Ѓорге Иванов вратил закони чиј указ не го потпишал до Собранието во кои името на државата било напишано Република Македонија, потврдуваат од Собранието за ТВ 24. Од кабинетот на претседателот засега нема коментар.
Според процедурата, овие закони мнозинството ќе треба повторно да ги изгласа, по што претседателот мора да ги потпише.
Според праксата во минатото, Иванов одби да го потпише указот за Допговорот од Преспа и Законот за јазици иако пратениците го изгласаа по вторпат.
Собранискиот спикер, Талат Џафери ги прати во Службен весник само со неговиот потпис.
Претседателот Иванов не ги потпиша следниве закони
-
Закон за изменување на Законот за Оперативно-техничка агенција;
-
Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт;
-
Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија;
-
Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;
-
Закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации;
-
Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории;
-
Закон за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност;
-
Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост;
-
Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан;
-
Закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит;
-
Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на Република Македонија.
Денеска истекува и рокот во кој претседателот Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на три закони кои се донесени со двотретинско мнозинство:
- Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите;
- Закон за прекршоците и,
- Закон за управните спорови.
За овие закони, според Уставот, член 75, став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.