Копретседателот на коалицијата Демократска Бугарија, Христо Иванов, порача дека Бугарија не треба да го менува својот став кон Република Македонија.

Тој истакнува дека позицијата на Софија е оти во нејзин национален интерес е двете земји да бидат дел од европското семејство.

Наш стратешки интерес е Македонија да биде дел од ЕУ, но со почитување на Договорот за пријателство – порача Иванов, чија коалиција е дел од новата бугарска Влада.

Според Иванов, како што јави дописникот на МИА од Софија, новата Влада не ја менува позицијата на Бугарија кон земјава, туку се залага за изнаоѓање пристап заедно со властите во Скопје „за остварување и на двете цели“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.