На интернет страницата на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и на неговиот профил на Фејсбук сè уште стои дека е претседател на Република Македонија иако денеска истекува последниот ден за промена на името на државата во Република Македонија на сите дигитални записи, логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, медиуми кои произлегоа од Преспанскиот договор.
Од Кабиентот на Иванов нема објаснување зошто промената не е направена ниту пак кога тоа ќе се случи.
Новото име на државата прв го примени претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа и Владата. Промена на името на земјата на интернет страниците направија и министерствата како и другите државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.