Денеска за настаните од 27 април сведочеше поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој истакна дека движењето “За заедничка Македонија” го поддржувал јавно и оти жестоки биле реакциите во јавноста по објавувањето на тиранската платформа и по изјавите на некои политичари од регионот дека Македонија не треба да постои.

Беше прашан и за прогласување воена состојба и тој рече дека тоа е небулоза.

Тоа го покрена еден неделник една недела пред 27 април. Тоа беа шпекулации и небулоза. Воена состојба прогласува Собранието со две третинско мнозинство. Доколку Собранието не може да се состане тоа може да го направи претседателот но тоа мора да биде потврдено од Парламентот. Ова е школски пример за создавање на воена психоза, рече Иванов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.