Претседателот Ѓорге Иванов има два дена да одлучи дали ќе потпише пoмилyвaњe и со тоа ќе ја исправи неправдата нанесена на политичките осуденици и обвинети или ќе ја свитка кичмата и ќе си обезбеди заслужено место и ќе биде запишан на стрницата на срамот во националната историја.

Дали Иванов ќе се одлучина ваков чекор? Со оглед на амнестијата што ја направи владата на Зоран Заев, со цел да ослободи пратеници за да ги протне уставните измени за промена на уставното име на државата, логично е целосно амнестирање на овој случај. Пратениците кои ги отворија вратите, и всушност, со тоа и овозможија на толпата да влезе внатре, со глас за промена на уставното име си ја купија слободата. Заев им ја продаде. Зошто Иванов да не ги помилува и останатите обвинети, сега веќе осудени за овој случај?!

Новоизбраниот претседател на Република Македонија Стево Пендаровски ќе иде инаугуруран в недела, на 12 мај, кога и завршува мандатот на Иванов. Оттука, бројани часови го делат Иванов од неизбежноста да ја одигра „партијата на мандатот“. За малку повеќе од 48 часа ќе стане јасно дали ќе се повлече и ќе се предаде или во стил на политичар од висок ков ќе го прекине политичкиот прогон и неправдите и на самото заминување ќе наметне политичко помирување.

Ова прашање е актуелно извесен период, но претседателскиот кабинет гласно одмолчува и не се впушта во дискусии на оваа тема.

Јасно е дека мнозинството Македонци очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Тој има уставно и законско право за тоа, но и морална обврска.

Иванов во Крушево; од изборната кампања во 2014 година

Од друга страна, премиерот Зоран Заев, неговиот коалициски партнер Али Ахмети и еврокомесарот Јоханес Хан го советуваат да не го прави тоа.

Во однос на одлуката дали да го искористи своето уставно и законско право да го прекине политичкиот прогон во Македонија, пред да ја донесе конечната одлука, Иванов треба да си одговори 10 прашања.

  1. Кој го донесе на власт: народот, мнозинството Македонци и дел од другите етнички заедници, или пак Заев, Али и Хан?
  2. За кого работеше 10 години: за народот или за Заев, Ахмети и Хан?
  3. Кој го почитува: народот или Заев, Ахмети и Хан?
  4. Кој го презира и игнорира: народот или Заев, Ахмети и Хан?
  5. Кој во иднина може да го почитува: народот или тројцата во заминување Заев, Ахмети и Хан?
  6. Чија е оваа држава: на народот или на Заев, Ахмети и Хан?
  7. Кој повеќе ѝ мисли добро на државата: народот или на Заев, Ахмети и Хан?
  8. Од чии пари 10 години Иванов зема плата, и по чии мандат ги доби сите почести низ светот?
  9. Кој ќе се чуствува измамено, напуштено и предадено ако Иванов постапи спротивно на очекувањата: народот или на Заев, Ахмети и Хан?
  10. Кон кого Иванов чувствува морална обврска: кон народот или на Заев, Ахмети и Хан?

Некои Велат Иванов се плашел од тројцава. А од народот?

Да расчистиме – Зошто е важно Иванов да го потпише помилувањето

СДСМ не е против претседателот Ѓорге Иванов да ги амнестира осудените за „27 април“, градоначалниците и другите политички осуденици туку сака да задржи ексклузива на процесот за амнестирање за партиски трговии, смета политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.

Кога Иванов прогласува де јуре амнестија, тоа е скандал. Кога Заев прогласува де факто амнестии, тоа е помирување, европска вредност, нов лист во историјата. Лицемерие без крај. Не е СДСМ против амнестијата на Иванов, туку сака да задржи ексклузива на амнестија за партиски трговии.

Со други зборови, на Заев не би му пречело да има амнестии доколку Иванов остане настрана, и не му се меша во ексклузиното право да располага со аменстиите, за да може тој самиот преку пазар со слободата на политичките осуденици да уценува и да ги остварува своите политички цели.

Откако се расчисти дилемата дали претседателот има право да амнестира, поминува или пак да даде аболиција, исправен пред фактите дека нема законски пречки Иванов до последниот ден од мандатот да ги извршува своите преседателски должности, а со тоа и да помилува, СДСМ засилено тргна во офанзива на заплашување на Иванов.

Неделникот „Фокус“ објави текст „Зошто Заев го аболицира Иванов“ илустириран со фотографија од Иванов.

Не треба да се биде многу вешт за да се заклучи дека СДСМ на не многу суптилен начин во мафијашки стил му испраќа заканувачка порака на Иванов.

Во прилот на тоа, и лидерот на ДУИ Али Ахмети нескриено се заканува дека „ќе има последици“ ако претседателот Ѓорге Иванов направи „непромислен чекор“ и ги аболицира осудените за 27 април. Вели дека ако Иванов одлучи да ги аболицира, ќе има последици во државата.

Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции – рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.