Кога Зоран Иванов се крена против омразата на Екатерина Захариева спрема Македонците, некои мои колеги се тискаа под нејзината сукња, сега истите, читам, се јуначат на темава, па добро, до „сензорите“ е, коментира новинарот Зоран Иванов.

 

Пред неполна година Иванов предизвика доста реакции со статус во кој ги нарекува бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и Дора Бакојани, сестрата на актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис – фригидни кучки.

По ова следеше итно разрепување од Надзорниот одбор на МИА.

Tој порача дека и покрај сè нема да се извини за напишаниот статус.

Таман работа, јас сосема смислено го напишав тој пост. Сакав да ја здоболи малку, кога таа навреди цел македонски народи продолжува да навредува. Тоа беа метафори и не знам зошто се навредени. Кучка е карактерна особина, фригидност е состојба на нечувствителност, рече Иванов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.