Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа потенцираше дека жали што Македонија ја пропуштила шансата да биде лидер во регионот за вакцинација.
Според Јорданов, власта нема стратегија за решавање на економската криза односно како што речи за полесно да се справиме со економската криза треба да се справиме со здравствената криза а токму имунизацијата на населението е еден чекор.
Верувам дека и ова е еден обид за купување на време, затоа што ако се имаше стратегија за имунизација на населението, по примерот на Србија и по примерот на другите околни држави, еве да не се компарираме со високо развиените држави исто така властите можеа да организираат набавка на вакцини пред се и за полесно справување со економската криза. Затоа што вие ако не го затворите решавањето на здравствената криза или ако немате стратегија како да ја решите здравствената криза, а вакцинација односно имунизацијата е еден чекор во надминување на здравствената криза, вие имате пролонгирање на економската криза, рече Јорданов.
Јорданов смета дека не смее да биде изговор изјавите од страна на власта дека не сакаат да експериментираат со граѓаните и поради тоа доцнат вакцините. Смета дека на граѓаните треба да им се понуди опција дали сакаат или не да се вакцинираат.
Во однос на пописот, Јорданов вели дека како опозиција имале забелешки во рамките на Собранието и откако се донесе законот решиле да поднесат иницијатива за собирање на потписи за црпење на легимитетот од граѓаните да се поништи овој закон.
Електронскиот попис е многу попрактичен во овој момент, зошто во 2015 бешпе започнат проектот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а го заврши владата на СДСМ за електронски регистар. Граѓаните кои жиеват тука оставале процеси во институциите. Во неколку наврати сме објаснувале дека вака законот нема да даде точни податоци кои ќе ни користат понатаму. немаме методологија што остава сомнеж и остава сомнеж на начин на кој што ќе се проведува пописот, рече Јорданов.
Тој смета дека државјанството не треба да биде предмет во пописот, а бројот на државјани може да се прибере од МВР, и сметаат дека треба да се попишува само резидентното население во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.