Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и Албанија на маса во ноември на советот за општи работи (ГАК) кој ќе се одржи на 19-ти ноември. Од Владата за Телма потврдија дека и премиерот Заев е поканет во Рим.
Во меѓувреме, францускиот претседател Eмануел Mакрон се очекува да ги посети Aлбанија и Македонија наредниве месеци, пишува албанскиот портал Егзит, повикувајќи се на дипломатски извори во Тирана. Точниот датум се ште не е одреден, но со својата посета, се чини дека Макрон има за цел да им докаже на Албанија и Македонија дека европската перспектива за двете земји е отворена и Франција ќе помогне во остварување на нивната цел, анализира порталот.
Дипломатски извор потврдил дека како знак на поддршката на Франција за Албанија, Макрон ја основал во Тирана канцеларијата на француската агенција за развој, која ќе спроведе француска помош за развојни проекти во Албанија. Овој чекор веројатно ќе означи зголемување на француската помош, која досега не беше важен донатор на Албанија.
Макрон имаше закажано балканска турнеја минатата година, но истата беше откажана. Наместо тоа, тој ја посети само Србија летово, откако во Париз беше откажан самитот за преговорите меѓу Србија и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.