Истрагата на терен заврши. Од наодите на местото на настанот, Јавното обвинителство соопштува дека работи на расветлување на причината за пожарот. Извори на Алсат во обвинителството велат дека истражниот тим работи на две патеки.
Првата е поврзана со сомневањата дека пожарот бил предизвикан од боци со кислород што го прошириле огнот во синџир, а втората дека огнот може да е предизвикан од несоодветна електрична врска, односно од дефибрилатор. Во моментов, Обвинителството не покрена сомневање за намерно подметнување пожар од човечки фактор.
Но, Обвинителството тврди дека до затворање на истрагата, секоја верзија објавена во јавноста останува во рамките на шпекулации. Обвинителите ги зедоа и сведоштвата на вработените во модуларната болница, додека за дел од 14 – те жртви се бара ДНК анализа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.