Историјата во Вевчани се повторува. Како пред 33 години, така и сега, власта удри по Вевчани и вавчанци. Денеска полицијата се обиде да го спречи Карневалот кој се одржува со векови и да ја цензурира слобоната мисла и сатира.
Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите настани кај нас. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи на кој најчесто се исмејуваат настани и лица кои оставиле впечаток во измината година.
Вевчанци се обидоа и годинава да останат доследни на традицијата. И покрај забраните за групирање тие и годинава ги ставија маските. И покрај тоа што вевчанци се обидоа да го направат дефилето, полицијата ги спречи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.