Следниот состанок на Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Република Македонија ќе се одржи во октомври. Тоа е по барање на македонската страна, изјави за БНТ копретседателот на таа комисија Ангел Димитров.
Нема напредок, но и нема што да се промени брзо. Речиси ништо не е исполнето со Договорот за пријателство и соработка…Тоа е главниот проблем, а не работата на историската комисија, изјави Димитров, иако призна дека историјата е најболната точка.
Потребната катарза во историското размислување не може да се случи без политичка волја за тоа, а дипломатијата е само функција на политиката и не треба да се става акцент на тоа, нагласи Димитров.
Тој истакна дека компромиси во науката не само што не треба да се прават, туку и не треба да се очекуваат, а очигледно таков бил и ставот на нивните колеги од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.