На социјалните мрежи се врти скандалозно видео од историчарот Драги Ѓорѓиев кој е претседател на македонската страна во комисијата за историја со Република Бугарија.
Во видеото Ѓорѓиев тврди дека при создавањето, градењето на нацијата, македонската историографија се користела со фалсификати.
Во Македонија, историографијата беше во функција на градење на нацијата. Никој во Македонија не опонираше на ставовите на нашите историчари. Никој. Тие имаат слобода, тие имаа друга мисија. Тука ние треба да погледнеме по храбро кон тоа. Ова е факт, нашата нација вака е изградена и не треба да се плашиме од тоа. Нашата нација е изградена. Имаме во минатото кога е градена таа нација кои некореспондираат со академската наука. Некои прашања биле или тргани на страна или селективно бирани. Имало и правење на фалсификати, вели Ѓорѓиев.
Кога сме веќе кај агенти, ова е СКАНДАЛОЗНО.
👉 Нашата историја била фалсификувана и требало малку похрабро да го признаеме тоа.
Овој е претседател на комисија за историја што преговара со Бугарија.
Добро, кој го плаќа и колку? pic.twitter.com/HefvpJp4gi— Знаење е кул 📖 (@naukaetop) November 5, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.