Најмалку тројца историчари, челнови во македонско-бугарската историска комисија вечерва се оградија од ставовите на премиерот  Зоран Заев искажани во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС и ги осудија, велејќи дека „се спротивставуваат на изјави кои содржат елементи на историски ревизионизам кој ги поткопува основните темели на Европа“, пренесува „Дојче веле“.

Прва реагираше историчарката Љубица Спасковска која на својот фејсбук-профил апелираше до политичарите да не коментираат теми коишто не ги разбираат. Подоцна и се приклучи и историчарот Огнен Вангелов.

За неа е особено спорна оценката дали Бугарите (не) биле окупатори во Македонија во Втората светска војна.

Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947, вели таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.