Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во посета на Свети Николе и Штип, каде беше пречекан со огромна поддршка од граѓаните. Оттаму порача дека очекува една голема победа која ќе го означи крајот на една вакв, неподготвена и неспособна влада во Република Македонија, а народот го поздрави со скандирање.

Често луѓето прашуваат зошто овие неправди се случуваат, како да се спротивставиме? Одговорот е со отпор, со неоткажување, со борба до победа, за вистинска правда. Победуваат храбрите и мотивираните, ние имаме мотив, а храброста на луѓето кои си ја сакаат татковината е поголема од самоволието на власта, нашата цел е сонот за Македонија. За години од сега ќе можеме да кажеме дека кога било потребно сме застанале цврсто, сме се спротивставиле и сме победиле. Заеднички, цврсто, одлучно. Овие избори се тој момент. Самите ќе мора да се избориме за правда и правдини, за човечко достоинство и честитост, порача Мицкоски од Свети Николе.

Од Свети Николе, Мицкоски се упати кон Штип, каде во разговор со граѓаните, потенцираше дека и овде граѓаните како низ цела Македонија се жртви на заевизмот кој ја влече државата надолу.

Со оваа влада Македонија тоне и нема ништо од напредокот кој го ветуваат и сè уште лажат дека ќе го остварат, рече Мицкоски.

Стотици штипјани во еден глас порачаа: Македонија!

Ветуваа богата просперитетна, економски силна Македонија. Што донесоа? Донесоа пљачка, донесоа криминал. Дали има една нова отворена фабрика овдека во Штип? Дали донесоа една нова фабрика во технолошко индустриската зона? Ништо нема се затворија се запустија. За тој криминал ќе дојде денот кога од прв до последен ќе одговараат.

Не испорачаа ништо и затоа ќе бидат казнете на овие избори, жестоко казнети за сите неправди и злодела бидејќи мандатот ќе биде во рацете на народот, а народот ќе се определи за правда и правна држава, за претседателка која ќе биде гласот на народот во политиката



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.