Граѓанин од источна Македонија чијшто идентитет е познат на порталот „Брегалнички.мк“, каде што го објавуваат скандалот, во телефонски разговор изнесува свое сведоштво за тоа на кој начин бил поткупен и измамен од страна на познат истакнат активист на СДСМ за да гласа за оваа партија на Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.

Според изворот на информации со кого се остварени неколку телефонски контакти, покрај тоа што требало тој и неговото семејство да гласаат за СДСМ, требало да обезбеди дополнителен број гласови (колку што може повеќе), за од страна на активистот од СДСМ му се обезбеди влијание и помош за синот на нашиот соговорник за да положи „градска“ за автошкола, објавува „Брегачнички.мк.

Притоа комуникацијата за таквата „зделка“” со гласови кои требало да легнат на контото на СДСМ, одела преку зетот и ќерката на изворот на информациите коишто се наоѓаат во Италија. Возачката дозвола била потребна на синот на соговорникот чијшто глас се слуша на снимката, за тој да може да замине на работа во странство како возач.

Притоа измамениот граѓанин соопштува дека бил задолжен од страна на активистот на СДСМ да го слика гласачкото ливче како доказ дека гласал за оваа партија.

Според кажувањето на изворот, откако неговиот син паднал на практичниот дел од полагањето на градско возење со автошколата што се случили на 21 овој месец, нашиот извор на информациите решил да проговори во јавност и да ја раскаже својата приказна на кој начин бил измамен тој, неговото семејство и уште 10-тина други граѓани кои ги обезбедил за да гласаат за СДСМ.

Со одобрение на изворот на информациите, а заради повисок јавен интерес, „Брегалнички.мк“ го објавува аудио сведоштвото на овој измамен граѓанин, кој заради егзистенцијални причини на својот син пристапил кон вакви постапки, за на крај да биде измамен од страна на активистот на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.