До 2024 година, односно до крајот на новиот мандат, СДСМ и коалицијата „Можеме“ ќе ја зголемат минималната плата на 20.000 денари. Просечната плата, пак, ќе достигне 34.000 денари. Ова денеска го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на заедничката прес конференција со Љупчо Николовски и Венко Филипче во Штип.
Покрај зголемување на платите, Заев најави и зголемување на пензиите, и тоа согласно со трошоците за живот. До крајот на мандатот, рече, најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто.
Актуелниот министер за здравство Венко Филипче, пак, најави зголемување на платите на медицинските работници за 40 отсто до крајот на мандатот, односно секоја година по 10 тсто.
Најави и субенција од 12.000 денари за решавање на станбеното прашање, за сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје.
Зголемување на платите и пензиите најави и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа за 20 отсто и 25 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.