ВМРО ДПМНЕ објави видео во кое на сликовит начин се прикажуваат сите лаги и манипулации на Зоран Заев за време на неговото владеење. Во него пресликани се лагите на Заев, кога тој тврдеше дека нема да се менува уставот, а го промени, кога тврдеше дека не нарачува трас трас пресуди, а интервенираше во сите пресуди, кога  тврдеше дека не го заташкувал пријавувањето на случајот Рекет, иако имало сомнеж за негова вмешаност и дека Катица ја знаел само од телевизија иако на снимки се гледа дека заедно ги планираат постапките во СЈО и судовите.

Пораката на видеото е повеќе од јасна, не дозволувај некој да те лаже, на 15 јули ти одлучуваш во каква држава ќе живееш. Исправи се Македонијо, одбери обнова!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.