Дали случајно или не седницата на која треба да се изгласаат судии за Апелацискиот суд, но Судскиот совет ја закажал за 25 декември, ден откако ѝ завршува мандатот на една поротничка во судечкиот совет со кој раководи судијата Огнен Ставрев во случајот „ТНТ“.
Токму наградата унапредување во Апелацискиот суд беше споменувана во јавноста како стимул за судијата од Кривичниот суд Огнен Ставрев да донесе пресуда во случајот „ТНТ“ до 24 декември.
Овој случај е важен за власта од неколку причини, а деновиве се шпекулира со две главни: унапредувањето на Ставрев во Апелација и големата отштета што ја побарува коалицискиот партнер во Владата Фијат Цаноски од државата, која наводно било договорено да се подели меѓу неколку „олеснувачи“ во процесот, а најгласно се споменуваат двајца директни директни учесници во судскиот спор „ТНТ“.
Она што, исто така, паѓа во очи е присуството на бизнисменот Фијат Цаноски во публиката на речиси на секое рочиште. Низ судските кулоари неговото присуство се коментира како притисок врз судот и Ставрев, потсетник, за да не застрани од договореното и случајно „ТНТ“ да не заврши до 24 декември, како што ќе се случи со „Монструм“, на пример.
Присутните во судницата велат тој е тука за кога ќе го видат судиите да им текне на милионите евра кои ги чекаат ако ги осудат вмровците за уривање на дивоградбата на Фијат Цаноски.
Според некои свои сознанија одбраната очекува денес и утре да дојде до брутално и еклатантно кршење на законите и правата на обвинетите, таша што судечкиот судија ќе упадне во давањето одбрана, со што одбраната ќе биде ограничена за да се фати рокот. Ако се случи овој преседан, македонското судство ќе го доживее врвот на својата корумпираност, клиентелизам и партиско управување. Без кршење на Законот и нарушување на правото на одбрана на обвинетите од страна на оние кои најмногу треба да го почитуваат законот, а тоа се судиите, не постои шанса предметот да заврши до 24 ти декември, вторник до крајот на работното време 16.00 часот.
Овој случај со право ќе се покаже како голем испит за македонското судство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.