Пратениците од ДУИ, Реџаил Исмаили и Ејуп Алими се појавија како сведоци на денешното рочиште за настаните од „27 април“.
Тие потврдија дека на координација со другите партии во 17 часот и 10 минути меѓу координаторите на пратеничките групи било одлучено седницата да продолжи следниот ден во петок.
Токму затоа, тогашниот претседавач Трајко Вељаноски во 18 часот ја прекина седницата и ја закажа за следниот ден во 11 часот на 28 април.
Пратениците исто така потврдија дека имало потписи од 30 пратеници седницата да продолжи следниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.