Еден од основачите на СДСМ, Ѓунер Исмаил во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 искоментира и за случајот со сега веќе поранешниот директор на Државниот пазарен испекторат Стојко Пауновски.
Тој вели дека тука станува збор за два филма.
Пауновски зборува за професионалност, што е сосема во ред, и ако темата беше професионална администрација апсолутно е нешто што мора да се поддржи како многу правилен исправен став, но темата тука не беше професионалност, тоа е последната тема што во овој случај треба да дојде на дневен ред, истакна Исмаил.
Тој вели дека ако се зборува за професионалноста при работата на Пауновски нема ниту една запирка или забелешка.
Тука станува збор за политички случај, за политика на Владата која се обидува да разреши еден од најголемите проблеми на оваа земја – јавната администрација, порачува Исмаил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.